Рефундација на средства

Корисниците ги имаат сите права пропишани според Законот за заштита на потрошувачите.

За почитување на рекламираната услуга или производ согласно наведените услови, одговорен е исклучиво трговецот и огласувачот кој се рекламира а Купуваме.мк во ниеден момент не може да преземе одговорност за евентуалните недостатоци на производите или услугите кои се рекламираат.

Купуваме.мк се обврзува да ја разгледа секоја информација, поплака, рекламација на корисниците (која ќе биде добиена на info@kupuvame.mk или на телефонскиот број 078/33-51-33) и секаде каде што ќе се идентификува отстапка или тоа ќе биде побарано од корисниците, се обврзува да реагира со: 

Доставување на писмена опомена до трговецот, со барање за соодветна надокнада, повторно испорачување или рефундирање на средствата со цел надминување на незадоволството на корисникот.

Во случај на согласност на трговецот да направи рефундирање/поврат на уплатените средства од страна на корисникот, Купуваме.мк се обврзува да го реализира повратот до корисникот во рок од максимум еден работен ден од пристигнувања на средствата.

Доколку реално, поради објективни причини не сте задоволни од услугата/производот, вредноста на платениот ваучер ви ја враќаме во целост на вашата кредитна картичка.