Рекламација на услуга или производ

Купуваме.мк работи само со внимателно селектирани партнери, кои се во согласност со нашите интерно пропишани стандарди за задоволување на нивото на квалитет кое очекуваме да биде испорачано до нашите корисници.

Односот со партнерите (трговците и огласувачите) и третманот кон нашите корисници и испораката на услугите и производите кои ги промовираме во Купуваме.мк не е во наша комплетна надлежност, контрола и гаранција.

Корисниците ги имаат сите права пропишани според Законот за заштита на потрошувачите.

Истовремено Купуваме.мк ги прима и третира информациите, поплаките и рекламациите од корисниците за сите евентуални проблеми поврзани со испорака или недостатоци на производите или услугите кои трговецот или огласувачот ги рекламира на Купуваме.мк, силно се залага за нивно разрешување, надокнадување, надминување или рефундирање.

За почитување на рекламираната услуга или производ согласно рекламираните услови одговорен е исклучиво трговецот или огласувачот кој се рекламира а Купуваме.мк во ниеден момент не може да превземе одговорност за евентуалните недостатоци на производите или услугите кои се рекламираат.

Купуваме.мк се обврзува да ја разгледа секоја информација, поплака или рекламација на корисниците (која ќе биде добиена на info@kupuvame.mk) и секаде каде што ќе се идентификува отстапка или тоа ќе биде побарано од корисниците, се обврзува да реагира со: Доставување на писмена опомена до трговецот со барање за надокнадување, повторно испорачување или рефундирање на средтвата со цел надминување на незадоволството на корисникот.

Во случај на согласност на трговецот да направи рефундирање/ поврат на уплатените средства од страна на корисникот, Купуваме.мк се обврзува да го реализира повратот до корисникот во рок од максимум еден работен ден од пристигнување на средствата.

Купуваме.мк секогаш е и ќе биде на страната на своите корисници при напорите за надминување на сите евентуални предизвици при испорака на нарачан производ или услуга од страна на трговецот или огласувачот настанати од било која причина.