За Купуваме.мк

Еден летен ден во 2015 година, во едно тренди кафуле во Скопје, неколку олд-скул програмери и маркетинг оперативци се договорија да почнат да работат на Веб сајт кој ќе објавува исклучителни понуди, да има креативен дизајн различен од просекот, и - пред сé - да биде високо функционален и едноставен за употреба.

(И да има мир во светот и благосостојба за сите луѓе.)


По неколку месеци подготовки, и по неколку часа конкретен брејнсторминг за името, немајќи подобра идеја, на проектот му дадовме работно име Купуваме.мк, и се договоривме веднаш да му го смениме името ако некој излезе со подобра идеја.

(Која очигледно ја немаше до сега.)


Од тогаш, па сé до денешен ден, константно сме во потрага по исклучителни понуди.